Создавање здрави и безбедни работни места
Апликација за ергономски контролни точки во земјоделството
Оваа апликација за мобилни уреди ви овозможува да креирате интерактивни контролни списоци од ергономски контролни точки што може да се користат во секторот за земјоделство. Постојат вкупно 100 контролни точки. Апликацијата вклучува, исто така, препораки од најдобрите практики за преземање мерки и спроведување делотворни ергономски подобрувања на работните места во земјоделството.
Преземете ја апликацијата
- верзија за iOS (ако вашиот уред е поставен на македонски јазик, по преземањето апликацијата ќе се прикаже на истиот јазик)
- верзија за Android
Својства
- Пристап до детални описи на контролните точки со илустрации
- Креирајте кориснички контролни списоци, подредувајте ги контролните точки според приоритетот и внесувајте забелешки
- Извезете ги вашите контролни списоци и забелешки со вклучен датум