Создавање здрави и безбедни работни места

Апликација за ергономски контролни точки

Апликацијата за ергономски контролни точки ви овозможува да креирате интерактивни контролни списоци од ергономски контролни точки што може да се користат на работното место. Постојат вкупно 132 контролни точки. Апликацијата вклучува, исто така, препораки од најдобрите практики за преземање мерки и спроведување делотворни подобрувања на ергономијата на работното место.

Преземете ја апликацијата


Верзија на апликацијата за телефон

Својства

  • Пристап до детални описи на контролните точки со илустрации
  • Креирајте кориснички контролни списоци, подредувајте ги контролните точки според приоритетот и внесувајте забелешки
  • Извезете ги вашите контролни списоци и забелешки со вклучен датум

За кого е наменета апликацијата?

Апликацијата е наменета за сите лица што се засегнати од создавањето подобро работно окружување: работодавачи, надзорници, работници, инспектори, лица задолжени за здравје и безбедност, обучувачи и едукатори, инженери, ергономи и дизајнери.

Верзија на апликацијата за таблет

Повеќе апликации