CEELex: База на податоци за трудово законодавство во Централна и Источна Европа

CEELex е онлајн база на податоци што може да се пребарува и нуди информации за националните трудови законодавства во Централна и Источна Европа.

Врз основа на Конвенциите на МОТ и повеќе од 25 години работно искуство во областа на трудовото законодавство во ЦИЕ, базата на податоци обезбедува избрани клучни информации за работните и индустриските односи во регионот. Опфатените теми се движат од колективното договарање до работните услови (на пр., минимална плата, работно време), раскинување на договорите за вработување, решавање на работните спорови и нестандардните форми на вработување.