Поволна бизнис-клима за одржливи претпријатија во Република Северна Македонија

Наодите и препораките од извештајот обезбедуваат сеопфатен преглед на напредокот остварен од Република Северна Македонија изминатите неколку години во насока на подобрување на поволната средина за развој на приватниот сектор.

Извештајот ја разгледува и студијата од 2013 година, изработена со поддршка од МОТ, и го проценува напредокот остварен од тој период досега и главните ограничувања кои сè уште претставуваат пречки за приватниот сектор.

Студијата се фокусира на пет клучни области идентификувани како приоритети за компаниите во Северна Македонија. Дополнително, обезбедува анализа на тековната состојба и дава препораки за понатамошни реформи во политиките и програмите. Клучните области се следниве:

· Поволна законска и регулаторна средина
· Владеење на правото и обезбедување на правата на сопственост
· Пристап до финансиски услуги
· Лојална конкуренција
· Претприемачка култура