Права на младите на работното место

Пристојна работа за младите луѓе

Овие материјали за учење се создадени за подигнувањето на свеста на младите луѓе за нивните права на работното место. Пакетот се состои од упатство за инструкторите и прирачник што обезбедува практични примери за практиките за вработување и ситуациите на работното место.
Крајната цел на овој материјал за обука е да им се обезбеди рамка на инструкторите за осмислување сесии за учење за правата на работното место. Тој се обидува да им помогне на младите работници да ја идентификуваат својата улога во придонесувањето, унапредувањето и одржувањето правични и продуктивни работни средини – клучна цел за развојот на нивните заедници.