Професионално помирување во колективни работни спорови: практичен прирачник

Прирачникот беше изработен како подрегионална алатка наменета да ја потпомогне техничката помош на МОТ во сферите на спречување и решавање спорови во земјите од Централна и Источна Европа.

Овој Прирачник претставува преработка на Практичниот прирачник за помирување во индустриските спорови на МОТ, првпат изработен во 1973 година, а ажуриран во 1988 година. Кевин Фоли и Мејв Кронин се автори на оваа преработено издание чија цел е содржината да се ажурира така што ќе се земат предвид практиките од окружувањето и економијата, како и другите промени во сферата на помирување/медијација што се случија изминативе децении. Овој Прирачник, исто така, вклучува и студии на случај од голем број европски агенции за решавање спорови, со цел да може да се прикаже на кој начин всушност функционираат помирувањето/медијацијата во насока на помагање на колективното преговарање и решавање на колективните работни спорови. Намерата е прирачникот да се користи како алатка за обука во рамките на Сертифицираната обука за помирување/медијација на МЦО и во подрегионот, а последователно тој ќе биде издаден и како глобална алатка со студии на случај од други региони.