Процена на обезбедувањето услуги и програми за вработување на младите лица од страна на Агенцијата за вработување

Овој извештај идентификува кои услуги за вработување и активни програми на пазарот на трудот функионираат за младите лица.

Извештајот содржи шест поглавја, во коишто се анализира-ат политиката и стратегијата на службите за вработување; нивната структура, организација и функции; трендовите во обезбедување услуги и програми за вработување на младите клиенти; како и човечките и финансиските ресурси. Во поглавјето пет има заклучоци, додека, пак, во последното поглавје се дадени препораки за дејствување.