Национална програма за достоинствена работа на Северна Македонија 2019 – 2022 г.

Овој програмски документ е резултат на стратешкото планирање во рамки на активностите за соработка на МОТ во Северна Македонија за периодот 2019-2022г. Документот е подготвен во консултација со Владата и социјалните партнери со цел креирање на работни места, проширување на социјалната заштита, гарантирање на правата на работа, и унапредување на социјалниот дијалог – сите клучни компоненти од областа на економско-социјалните политики.

Клучните предизвици опфатени со Национална програма за достоинствена работа се недоволните можности за вработување, несоодветната заработка и непродуктивната работа, недостигот на стабилност и безбедност на работа, нееднаквите можности и третман во вработувањето, небезбедната работна средина и недоволната застапеност.

Програмата се справува со овие недостатоци во остварувањето достоинствена работа преку подобрување на управувањето со пазарот на трудот и создавање на повеќе и подобри работни места. МОТ, преку програмата, исто така ги поддржува и пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ, посебно Поглавје 19 во кое се вклучени политиките за вработување и социјалните политики.